Мората се врати во форма со помош на психолог

99

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Челси, Алваро Мората, кој постигна четири гола во Премиер-лигата од почетокот на октомври, откри дека се вратил во форма благодарение на професионалната помош од психолог.

Шпанецот стигна на „Стемфорд Бриџ“ во летото 2017 година во трансфер вреден 70 милиони фунти. Тој ја почна својата кариера во Челси на одличен начин, откако постигна седум гола во првите седум натпревари во Премиер-лигата, но потоа влезе во криза и успеа да постигне само три погодоци од декември до крајот на сезоната.
Мората призна дека во текот на летото размислувал да замине, но потоа ја добил споменатата помош и сега се чувствува исклучително среќен во Англија.

– Кога фудбалер ќе го чуе зборот психолог, првично се плаши, но јас сфатив дека имам потреба од помош. Во почетокот се чувствував малку непријатно, раскажувајќи му ги на психологот сите свои проблеми. Но потоа, со помош на сите околу мене, јас успеав да ја повратам својата среќа од играњето фудбал. Летово неколку пати си велев дека сакам да одам во тим во кој ќе се чувствувам повторно среќен и без тензии. Сега сепак се чувствувам посреќен од било кога во Челси – рече Мората.