Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“

155

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, смета дека ако тој не ја добие „Златната топка“ тогаш наградата треба да му припадне на Антоан Гриземан од Атлетико Мадрид.

Претходно, Хрватот беше прогласен за најдобар играч на годината во изборите на ФИФА и УЕФА.

– Гризман ќе го ставам на пол-позицијата поради успесите до кои тој стигна оваа година. Мбапе? Тој има извонреден талент и одлична иднина. Навистина посебен, одговори Модриќ на новинарско прашање околу наградата „Златна топка“.

„Франс фудбал“ наградата „Златна Тока“ на најдобриот играч за 2018 година ќе ја додели на свечена церемонија во Парзи на 3 декември.

Претенденти се 30-ина фудбалери, меѓу нив, Модриќ, Гризман, Роналдо, Мбапе, Меси, Салах, Азар,…