Младите за поправен против Русија и Гибралтар

126

Селекторот на Македонија (до 21 год.), Добринко Илиевски, го објави списокот за претстојните дуели против Русија (12 октомври) и Гибралтар (16 октомври) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2019 во Италија и Сан Марино. Нови фудбалери на списокот на Илиевски се Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трапановски и Енур Тотре.

Македонија е претпоследна во групата 7, само со една победа, едно реми и шест порази, и со негативна гол-разлика 10-18.

– Русија има квалитетен состав, игра пред своја публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме и се надевам дека ќе му вратиме за поразот на негов терен. Полека се создава селекцијата за следниот квалификациски циклус, сакаме помладите да почувствуваат како е да се биде дел од репрезентацијата до 21 година – истакна селекторот Илиевски.