Минимален пораз за Работнички од Црвена Звезда

149

Работнички попладнево загуби со 2:1 од српскиот шампион Црвена Звезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија.

„Романтичарите“поведоа со голот на Дејан Блажевски во 41. минута, Црвена Звезда израмни две минути подоцна преку Вукановиќ, а конечниот резултат го постави  Ебисилио во 54. минута.

За Работнички пенал не искористи Баже Илијоски во 36. минута.

На претходните две средби во турското одморалиште, Работнички го совлада Сабуртало со 2:1 и загуби од Поханг Стилерс со 2:0.