Миланските ривали се борат за потписот на Конте

94

Двата фудбалски гиганти од Милано почнуваат нова битка. Според медиумите на Апенините, Милан и Интер се цврсто решени да го привлечат за свој тренер Антонио Конте, кој пак, е решен повторно да работи во Италија.

Во оваа фаза, се чини дека „нероаѕурите“ имаат мала предност во битката. Тоа се должи на одличните односи на спортскиот директор Џузепе Марота и Конте, уште од периодот додека двајцата работеа во Јувентус.

Во исто време, сепак, „росонерите“ можат да го примамат со подобра плата, но сè треба да се реши во наредните недели. Фудбалските познавачи посочуваат дека сегашните тренери на миланските гиганти – Лучано Спалети и Џенаро Гатузо, нема да останат во нивните клубови по завршувањето на сезонава.

Антонио Конте е без работа од летото, кога тој беше отпуштен од Челси. Тој беше блиску до Реал Мадрид во ноември, но не постигна договор со претседателот Флорентино Перез и остана „слободен агент“.