Месут Озил ќе основа сопствен е-спорт тим?

88

Според пишувањата на „Спорт билд“, германскиот репрезентативец и фудбалер од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, тргнува во основање сопствен е-спорт тим, со кој ќе се натпреварува во претстојната сезона на играта ФИФА 19. Тимот веќе има тренер, а изборот на играчи е во тек.

Озил во тимот сака да донесе пет играчи од пет различни континенти. Тимот би се викал Тим Озил, па, така, Германецот би изградил личен бренд. Трендот на инвестирање од професионалните и поранешните фудбалери во ФИФА е-спортот зема сѐ поголем замав. Холандската фудбалска легенда Руд Гулит, пак, има своја академијата за развој на е-играчи.

Од друга страна, и на клубовите во е-спортот добро им тргна. Кинескиот тим Дота 2, чиј партнер е Пари Сен Жермен, играше во финалето на најголемиот турнир за е-спорт во историјата. Шалке 04 по неколку години стигна во финалето на Европското првенство во Лига на легенди.