Меси стана вториот фудбалски милијардер

198

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, стана вториот фудбалски милијардер по неговиот стар ривал Кристијано Роналдо, тврди американскиот магазин „Форбс“.

Според „Форбс“, Меси сега има заработено милијарда долари (пред платен данок) во неговата кариера, откако во 2020 беше најплатениот фудбалер со 126 милиони евра, од кои 92 милиони долари од платата и 34 милиони долари од спонзорите. Покрај својот богат договор за копачки со „Адидас“, Меси исто така има договори со „Пепси“, „Бадвајзер“ и „Оркам технолоџис“.

Роналдо е втор на листата за 2020, со 117 милиони долари и договорите со „Најк“ и „Хербалајф“, додека на третото место е Нејмар, кој ќе искешира 96 милиони долари во 2020 година.

НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО 2020

1.Лионел Меси (Аргентина, Барселона), 126 милиони долари

2.Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус), 117 милиони долари

3.Нејмар (Бразил, ПСЖ), 96 милиони долари

4.Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ), 42 милиони долари

5.Мохамед Салах (Египет, Ливерпул), 37 милиони долари

6.Пол Погба (Франција, Манчестер јунајтед), 34 милиони долари

7.Антоан Гризман (Франција, Барселона), 33 милиони долари

8.Герет Бејл (Велс, Реал Мадрид), 29 милиони долари

9.Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен), 28 милиони долари

10.Давид де Хеа (Манчестер јунајтед), 27 милиони долари