Меси го изедначи рекордот на Роналдињо

1332

Најдобриот стрелец на Барселона, Лионел Меси го изедначи рекордот со Бразилецот Роналдињо, откако синоќа постигна гол во победата од 3:1 против Леганес дома, и тој беше шести за него од директен слободен удар во една сезона.

Ова го постигна Роналдињо со тимот на Каталонците во сезоната 2006/07. 

Ниту еден друг фудбалер не реализирал повеќе голови од фаули во првенството. 

Меси има шанса да го сруши рекордот во преостанатите седум кола оваа сезона.