Мендеш: Модриќ најдобар? Тоа е смешно!

108

Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на УЕФА, предизвика негодување кај менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш.

– Модриќ најдобар? Тоа е смешно. Роналдо го предводеше Реал. Постигна 15 гола во Лигата на шампионите. Цел овој избор е срамен. Фактите на теренот кажуваат сė, изјави Мендеш.

Хрватскиот репрезентативец покрај наградата за најдобар играч во 2018 година, го доби и признанието за најдобар фудбалер од средниот ред.

Роналдо беше прогласен за најдобар напаѓач, но тој не се појави во Монте Карло да ја прими наградата.