Мексико го приреди првото изненадување на СП, ја совлада Германија

103

Во дуелот од Ф групата селекцијата на Мексико го совлада актуелниот светски шампион Германија со 1-0.

До победата, упорните и борбени Мексиканци стигнаа во 36.минута кога по една брза контра, Лозано го постигна единствениот гол на мечот.

Вториот натпревар од оваа група меѓу Шведска и Кореја ќе се игра утре.