Мбапе: Не е лесно, но јас сакав таков живот

180

Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе и да сака веќе не може да се однесува како „обичен“ човек.

– Дали е тешко да останете обичен човек со таква слава? Не можам да бидам обична личност повеќе. На пример, седите дома и ви текнува да одите на прошетка за да јадете сладолед. Тва веќе за мене е завршено. Јас дури и ќе немам време да го изедам, бидејќи веќе ќе има 500 луѓе околу мојот сладолед. Повеќето луѓе ја доживеале оваа слава во зрелоста, а јас кога го започнав средното училиште. Не сакам да кажам дека е лесно да се живее вака секој ден, но ова е животот што го одбрав, изјави 19-годишниот Мбапе.

Еден од најдобрите играчи на Светското првенство 2018, утре со својата репрезентација во Москав против Хрватска ќе игра во големото финале.