Матуиди: Роналдо ќе ни помогне да ги оствариме целите

62
Фудбалерот на Јувентус, Блеиз Матуиди, зборуваше за целите на италијанскиот шампион во сезоната во интервју за „Газета дело Спорт“. 
 
Светскиот шампион со Франција е на мислење дека големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо ќе додаде драгоцено искуство на своите соиграчи, со кој може да биде освоена титулата во Лигата на шампиони, која долги години е посакувана во Торино.
 
– Имаме многу важни цели оваа сезона. Треба да се концентрираме на нашата игра и нашето однесување на теренот. Кристијано Роналдо има нешто поинакво. Зборуваме за човек кој освои пет „Златни топки“. Можеме да кажеме дека Роналдо е најдобар во светот и не можеме а да не бидеме среќни што е со нас. Тоа сигурно ќе ни додаде искуство. Тој е човек кој освоил многу, а особено во Лигата на шампионите. Тоа ќе ни помогне во најтешките моменти од сезоната -рече Матуиди.