Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

188

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес.

Медиумите објавија дека полицијата морала да реагира на ваков начин, бидејќи поранешната девојка го обвинила дека Марадона и должи 5,7 милиони евра.

Марадона бил приведен кога од Мексико слетал во аргентинската престолнина.

Тужбата против Марадона била поднесена од Рочио Олива, во декември минатата година. Марадона и Олива во емотивна врска биле шест години.