Марадона: Меси нема што да докажува, нека ужива во фудбалот

76

Легендарниот Диего Марадона даде вредни совети на актуелниот лидер на „гаучосите“ Лионел Меси пред Светското првенство во Русија.

Притисокот врз Меси е огромен и секој од него очекува да ја предводи Аргентина до светската титула.

– Би го советувал Меси да ужива во фудбалот. Дали Аргентина ќе ја освои титулата или не, тој не треба да обрнува внимание на критиките. Меси нема што да докажува. Не го познавам Сампаоли и не ја знам неговата шема на игра. Но, ги познавам повеќето фудбалери и знам дека ќе дадат сė од себе на теренот. Не сакам да кажам дека Аргентина е фаворит, бидејќи оној кој се смета за фаворит, никогаш не ја освојува титулата – изјави Марадона, цитиран од „Омниспорт“.