Марадона: Во полуфиналето на Мундијалот играат „тимови од мигранти“

305

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона ги нарече полуфиналистите на Светското првенство „тимови од мигранти“.

– Има мафија, која киднапира фудбалери од Африка и ги натурализира во Европа. Составите на полуфиналистите на СП се полни најмногу со мигранти. Се сеќавам на еден разговор со Жозе Мурињо, кој ми кажа дека мигрантите пристигнуваат во друг свет, каде имаат шанса да добијат нешта и можности, кои ги немале до тој момент. Тие го сфаќаат тоа и го даваат најдоброто од себе. Затоа европските тимови се полни со такви играчи – вели Марадона.

Статистиката вели дека 18 од 23 француски репрезентативци се со странско потекло. Кај Белгија и Англија тие се 50 отсто.