Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Бразилецот Соареш

76

Манчестер Јунајтед подготвува зимска понуда за напаѓачот на Гремио, Бразилецот Евертон Соареш, јави ЕСПН.

Дваесет и двегодишниот фудабелер досега има одиграно два натпревари за репрезентацијата на Бразил.

Соареш е едно од најпопуларните имиња во Бразил и е следен од многу европски гиганти.

Неговото име во последно време беше поврзувано и со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот не стигна понуда од „граѓаните“ во канцелариите на бразилскиот тим.

Доколку Соареш пристигне на „Олд Трафорд“, веројатно ќе биде наследник на Алексис Санчез, за кој се повеќе се шпекулира дека е пред заминување.