Македонија останува 77-ма на ФИФА ранг листата

985

Македонската фудбалска репрезентација остана на 77. место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.

Од противниците на „црвено-жолтите“ во групата од Лигата на нации, најдобро котира Ерменија (98. место), Лихтенштајн е 181-ви, а Гибралтар се наоѓа на 196-тото место.

Лидер е Германија пред Бразил и Белгија. По нив во ТОП 10 следуваат: Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 7 јуни.