Македонија останува на 68-то место на ФИФА ранг-листата

122

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68-то место на ФИФА ранг-листата објавена денеска.

И покрај двете победи во ноемвриските дуели од Лигата на нации против Лихтенштајн и Гибралтар „црвено-жолтите“ останаа на истата позиција каде што се најдоа уште на рангирањето на 20 септември.

Следниот противник на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово бележи напредок од шест места и сега е на 131-то место.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 20 декември.