Македонија и Косово ќе играат пред празни трибини

90

Бараж натпреварот за пласман на ЕП 2020 помеѓу Македонија и Косово на 26 март ќе се игра без публика, објави во вторникот министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство на прес-конференција соопшти дека владата ги прифатила препораките на комисијата за заразни болести и дека сите спортски натпревари во наредните 30 дена ќе се играат зад затворени врати.

Натпреварот Македонија-Косово ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ на 26 март со почеток во 20.45 часот.

Билетите за овој натпревар беа продадени за само три дена, но сега Фудбалската федерација на Македонија ќе мора да им ги врати парите на сите оние што купија билети за натпреварот.