Македонецот Андоновски ќе ја предводи селекцијата на светскиот првак САД?

228

Македонецот Влатко Андоновски (43) веројатно ќе биде назначен за нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД која е актуелен светски првак, пренесува Би-би-си.

Тренерот родум од Скопје моментно го предводи американскиот фудбалски клуб Реин од Сиетл за кој игра капитенката на САД и најдобра светска фудбалерка Меган Рапино.

Андоновски во играчката кариера настапуваше за Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, како и за неколку американски клубови во тамошната лига во фудбал во сала.

Фудбалската федерација на САД допрва треба да го потврди назначувањето на Андоновски.

Влатко Андоновски и Меган Рапино