ЛШ: Шкендија со важна победа во Естонија

130

Шкендија стигна до 1:0 победа на гостувањето кај естонскиот шампион Номе Калју за да е многу блиску до пласман во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите пред домашниот меч.

Човек на одлука беше ветеранот Агим Ибраими, кој во 80. минута од мечот беше прецизен од белата точка за убава предност на македонскиот шампион.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 1. МЕЧ

Астана (Каз) – ЦФР Клуж (Ром) 1:0

Арарат (Ерм) – АИК Стокхолм (Шве) 2:1

ХЈК Хелсинки (Фин) – ХБ Торсхавн (Фар) 3:0

Номе Калју (Ест) – ШКЕНДИЈА (Мкд) 0:1