ЛШ тест за Силекс против азербејџанскиот Карабах

56

Финансиски моќниот азербејџански клуб Карабах ќе биде противник на македонскиот претставник во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите и ќе претставува вистински подвиг клубот од Кратово да се пласира во наредното коло.

Поради коронавирусот, наместо два меча, дома и на гости, ќе се игра само еден меч на 18 или 19 август. Победниците влегуваат во второто квалификациско коло, додека поразените влегуваат во второто квалификациско коло на Лига Европа.

Карабах е клуб формиран во 1987 година, а од 1992 година се членови на Премиер лигата на Азербејџан, и следната година ја освојуваат првата од своите осум национални титули. Карабах е официјално домаќин во Агдам, град кој се наоѓа под окупација на Ерменија по војната во Нагорно Карабах, и своите мечеви ги игра во престолнината Баку. Тие имаат седум азербејџански титули во низа и во 2017 година играа во натпреварите по групи во Лигата на шампиони.

ЛШ, 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО, 18/19 АВГУСТ

КАРАБАГ (Азе) – СИЛЕКС (Мкд)

Ференцварош (Унг) – Ѓургарден (Шве)

Селтик (Шко) – КР Рејкјавик (Исл)

Легија Варшава (Пол) – Дрита (Кос)/Линфилд (СИр)

Шериф (Мол) – Фола Еш (Лук)

Конахс Квеј (Вел) – Сараево (БиХ)

Црвена звезда (Срб) – Еуропа (Гиб)

Будуќност Подгорица (ЦГо) – Лудогорец (Буг)

Арарат-Арменија (Ерм) – Омонија (Кип)

Флоријана (Мал) – ЦФР Клуж (Ром)

Макаби Тел-Авив (Изр) – Рига (Лет)

Динамо Тбилиси (Гру) – Тирана (Алб)

Динамо Брест (Блр) – Астана (Каз)

Молде (Нор) -КуПС Куопио (Фин)

Флора Талин (Ест) – Судува (Лит)

Целје (Сло) – Дандалк (Ирс)

КИ (Фар) – Слован Братислава (Свк)