ЛШ: Сензационална победа на Црвена Звезда против Ливерпул

226

Ливерпул претрпе неочекуван пораз од 0:2 при посетата на Црвена Звезда во натпревар од групата „Ц“ во Лигата на шампионите и ќе мора да обезбеди пласман во елиминациската фаза во преостанатите два натпревари.

Двата гола на Милан Павков во средината на првото полувреме им донесоа предност на Србите, кои потоа го задржаа својот противник, иако имаа среќа во неколку ситуации.

На овој начин екипата на Јирген Клоп останаа со 6 поени, а во следната рунда ќе гостуваат на ПСЖ, додека во последното коло го пречкуваат Наполи, откако и двата меча се исклучително важни за тимот од „Енфилд“.

Звезда има 4 поени и несомнено забележа една од најголемите победи во својата историја и ги израдува илјадниците фанови на стадионот „Мала Маракана“.

Белгискиот шампион Бриж, пак, му нанесе нов срамен пораз на Монако, овој пат среде „Луј Втори“. Тоа беше силен удар во Лигата на Шампионите за тимот на Тиери Анри, кој продолжува без победа во турнирот и оди кон завршување на својата европска кампања во оваа сезона.

Ванакен со два гола и Весли му донесоа преднос од 3:0 на гостинот до 24-тата минута, а Вормер само ја потврди сензационалната победат на Бриж во 85-тата минута.

Со победата, белгискиот шампион презеде одлучувачки чекор кон пласман во Лигата на Европа на пролет.