ЛШ: Ајакс убедлив против АЕК

39

Ајакс со убедлива победа од 3:0 против грчкиот претставник АЕК ја почна новата сезона во Лигата на шампионите.

Холандскиот првак го искористи домашниот терен во Амстердам и доминираше на теренот во текот на целиот натпревар.
Ајакс поведе во почетокот на второто полувреме со голот на Николас Таљафико, а Дони ван де Бик во 77-та минута го зголеми водството на 2:0.

Конечниот резултат од 3:0 во финишот го постави Таљафико, кој во 90-та минута повторно се запиша на листата на стрелците.

Во групата Ф натпреварот меѓу Шахтјор Доњецк и Хофенхајм заврши со реми од 2:2. Германскиот тим двапати имаше водство, но Шахтјор сепак успеа да израмни и да стигне до еден бод.