Лондон ќе има шест клуба во Премиер-лигата

127

ФУДБАЛ

Фулам и Брентфорд ќе играат во плејоф-финалето во англиската фудбалска дивизија Чемпионшип, во вторник, на стадионот „Вембли“ во Лондон, за место што води во Премиер-лигата. Во реваншот од полуфиналето Фулам загуби дома од Кардиф, со 1-2, но благодарение на победата во првиот натпревар на гости, со 2-0, се пласира во финалето на плејофот. Брентфорд, пак, во втората полуфинална пресметка беше подобар од Свонси, загуби со 0-1 на гости и победи со 3-1 дома. Фулам и Брентфорд се од Лондон, а во Премиер-лигата од главниот град на Велика Британија се и Челси, Арсенал, Тотенхем, Вест хем и Кристал палас.