Ло­пе­те­ги по стап­ки­те на Мус­лин, Ха­лил­хо­џиќ, Mар­вијк, По­сте­ког­лу

250

Ло­пе­те­ги до­би отказ два де­на пред дуелот со Португалија на СП по­ра­ди тоа што потпишал до­го­вор сo Ре­ал Ма­дрид, и тој е пет­ти­от се­ле­ктор што пла­си­рал не­ко­ја селек­ци­ја, но не­ма да ја во­ди на СП 2018.

Шпан­ски­от фуд­бал­ски се­ле­ктор Ху­лен Ло­пе­те­ги, кој без по­раз ја во­де­ше Шпа­ни­ја послед­ни­те две го­ди­ни, сме­нет е на са­мо два де­на пред дуелот со Португалија на Светско­то пр­венс­тво (СП) во Ру­си­ја. При­чи­на­та е што зав­че­ра Ло­пе­те­ги пот­пи­шал триго­ди­шен до­го­вор со акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак Ре­ал Ма­дрид, до­го­вор со кој тре­ба да го пре­зе­ме клу­бот по за­вр­шу­ва­ње­то на СП.

Ло­пе­те­ги пред три не­де­ли го про­дол­жи до­го­во­рот со Шпа­ни­ја до 2020 го­ди­на и за­тоа Шпан­ски­от фуд­бал­ски со­јуз не мо­жел тол­ку лес­но да по­ми­не пре­ку оваа не­го­ва од­лу­ка и со два ми­ли­о­ни евра от­ште­та, кол­ку што Ре­ал се об­вр­зал де­ка ќе исп­ла­ти за неговиот пре­мин во клу­бот.

Ве­ќе е из­бран и не­го­ви­от нас­лед­ник, а тој се ви­ка Фернандо Иеро. Тој веќе беше во еден наврат селектор на Шпанија, каде работеше цели 13 години (1989-2002).

Во вр­ска со пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња во шпан­ски­от та­бор и пред пр­ви­от мош­не зна­ча­ен ду­ел на СП, про­тив европ­ски­от пр­вак Пор­ту­га­ли­ја, ре­вол­ти­ра­но ре­а­ги­ра­ше фудбалерот Сер­хио Ра­мос, кој ре­че де­ка не са­ка да ги во­ди друг се­ле­ктор освен Лопете­ги.

– Му се заб­ла­го­да­ру­ва­ме на Ло­пе­те­ги за сѐ што на­пра­ви до­се­га, оти е еден од нај­зас­луж­ни­те што сме ту­ка во Ру­си­ја, но се­пак, при­ну­де­ни сме да му вра­чи­ме отказ – ре­че Лу­ис Ру­би­а­лес, пре­тсе­да­те­лот на Шпан­ски­от фуд­бал­ски со­јуз.

Ова не е прв слу­чај се­ле­ктор што ја од­нел ре­пре­зен­та­ци­ја­та на СП во Ру­си­ја, да не би­де на неј­зи­на­та клу­па и во те­кот на овој Мун­ди­јал. Прет­ход­но отка­зи до­би­ја Сла­во­љуб Мус­ли во Ср­би­ја, Ва­хид Ха­лил­хо­џиќ во Ја­по­ни­ја и Берт ван Мар­вијк во Са­у­ди­ска Араби­ја, а отказ да­де Ејнџ По­сте­ког­лу во Ав­стра­ли­ја. Од нив са­мо Ван Мар­вијк ќе би­де на СП, но ка­ко се­ле­ктор на Ав­стра­ли­ја.

Г.И.