Лигата на шампионите ќе почека за воведување на ВАР-технологијата

645

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин уште еднаш ја отфрли можноста видео-повторувањата да бидат воведени во Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона.

Тој објасни дека на најсилниот турнир во светот сè мора да биде темелно тестирано за да се имплементира, а со ВАР, тоа не е случај.

– Луѓето не разбираат некои работи, бидејќи тие не им се објаснуваат доволно добро. Лигата на Шампионите е најголемиот турнир и во него не може да се спроведуваат експерименти. Таму сите правила треба да бидат јасни и прецизни. Не мислам дека и светското првенство е тест турнир, бидејќи може да се појават контроверзни ситуации – изјави тој за германски „Кикер“.

Тој, сепак, потврди дека видео-повторувањата се иднината на фудбалот и УЕФА ќе ги користи еден ден.