Ливерпул попусто чекаше помош од најголемиот ривал

317

Манчестер сити го совладата градскиот ривал јунајтед со 2:0 на полниот „Олд Трафорд“, во заостанатиот натпревар од англиската Премиер лига. Иако тимот на Пеп Гвардиола во првиот дел не успеа да постигне гол, уште од првата секунда во вториот дел беше очигледно дека мотивираните играчи на сити лесно ќе се справат со неубедливата одбрана „ѓаволите“.

Головите ги постигнаа одличниот Бернардо Силва во 54. минута и Германецот Лирој Сане во 66. минута, кој го замени повредениот Фернандињо.

Со оваа победа, тимот од синиот дел на Манчестер се враќа на првата позиција на табелата во Премиер лигата, со еден бод пред ривалот за титулата Ливерпул. Сега, на само три натпревари пред крајот на сезоната, сити има бод повеќе од „црвените“ од „Енфилд“ (89). До крајот на сезоната, Манчестер сити ќе гостува кај Барнли, па на „Етихад“ доаѓа Лестер на Брендан Роџерс, за во последното коло да оди кај Брајтон.

Од друга страна, ривалот за титулата Ливерпул до крајот на сезоната ќе се сретне со Хадерсфилд, Њукасл на гости и Вулферхемптон во последното коло.

На вториот вечерашен натпревар, токму Вулверхемптон со својата португалска колонија го декласираше Арсенал со 3:1, со што останува отворена борбата за четвртото место на табелата кое следната сезона директно води во Лигата на шампионите. „Волците“ уште во првото полувреме успеаја да постигнат 3 гола преку Рубен Невес, Доерти и Жота, додека Сократис Папастопулос во 80. минута го постигна утешниот гол за „топџиите“. П.С.

1. Манчестер сити        89 поени
2. Ливерпул                 88
3. Тотенхем                 70
4. Челзи                      67
5. Арсенал                   66
6. Манчестер јунајтед   64
7. Вулверхемптон         51