Ливерпул е европски првак и во ферплеј?

79
Мохамед Салах и Садио Мане

Според новата анализа на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС), која рангира екипи од 35 европски домашни лиги според нивниот број на прекршоци по натпревар, според податоците на „Инстат“, актуелниот европски првак, англискиот Ливерпул, направи најмалку прекршоци по натпревар досега сезонава (8,1). Ова е делумно поврзано со по малку строгиот судиски стил во англиската Премиер-лига, 20,4 прекршоци се досудени по меч во споредба со просекот од 27,2 во анкетираните 35 лиги, пишува ЦИЕС.

Осум екипи од Премиер-лигата се на првите 18 позиции на ранг-листата на ЦИЕС: Ливерпул, Њукасл, Бурнемаут, Лестер, Челси, Норвич, Тотнем и Манчестер сити.
Ако се направи листа на просечно направени прекршоци на ниво на лига, Хамбургер ја предводи табелата (32 отсто помалку во однос на ривалите), пред Слован Братислава (минус 29 проценти) и Шахтер Доњецк (минус 27 отсто).
По лига, најмал просечен број прекршоци по натпревар е забележан во англиската (20,4), данската (21,0) и во холандската лига (21,6), пишува ЦИЕС.


ФЕРПЛЕЈ-ЛИСТА

Ливерпул 8,14 -22
Силкеборг 8,89 -18
Хамбургер 8,94 -32
Хонка 9,10 -24
Њукасл 9,14 -12

во првата колона е просекот на прекршоци по меч, а во втората споредбата во проценти со другите во таа лига

Извор: ЦИЕС