Ливерпул ги зголеми цените за навивачите на Барселона

177

Ливерпул реши да ги зголеми цените на влезниците за навивачите на Барселона за реваншот во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите на стадионот „Енфилд“, на 7 мај, од 88 фунти (101 евро) на 102 фунти (119 евра). Ова зголемување, како што објаснуваат од клубот, е направено врз база на реципроцитет за цените на влезниците што ги одредила Барса за првиот меч на „Ноу камп“, на 1 мај. Шпанскиот клуб на Ливерпул му обезбеди 4.620 влезници за тој меч.

Првично цената на влезница на гостинските навивачи изнесуваше 88 фунти, но откако Каталонците објавија дека навивачите на Ливерпул ќе мора билетите да ги плаќаат по 102 фунти (119 евра), „црвените“ решија соодветно да реагираат: Покрај тоа, Ливерпул одлучи вишокот пари да го насочи кон субвенционирање на навивачите со намалување на цените на билетите.

Слична ситуација беше и за навивачите на Манчестер јунајтед кои мораа да платат по 102 фунти за билетите за реваншот во четврт-финалето со Барса, најскапи кога станува збор за меч на Јунајтед, изземајќи ги финалињата.