Легендите од Крањ ја поздравија публиката на „Филип Втори“

377
Фото: Дарко Андоновски

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб кои настапија на првиот натпревар на македонската репрезентација, на 13 октомври во 1993 година против Словенија во Крањ, ја поздравија публиката на националната арена „Филип Втори“ пред почетокот на мечот со Лихтенштајн во Лигата на нациите.

Денеска се навршуваат 25 години од дуелот во Крањ на кој Македонија ја совлада Словенија со 4-1. Стрелци на головите беа Зоран Бошковски, Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски. Селектор на репрезентацијата беше Андон Дончевски. 

За Македонија на тој меч настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Неџмедин Мемеди, Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Горан Георгиевски, Сашо Милошевски и Тони Мицевски.