Лев: Треба да се помириме со испаѓањето од елитната дивизија во Лигата на нациите

142

Селекторот на Германија Јоаким Лев повика на смиреност, откако стана јасно дека Бундестимот ќе испадне од елитната дивизија во Лигата на нациите.

Германците ја пречекуваат Холандија во последниот натпревар, но без оглед на исходот, тие ќе завршат на дното во групата, бидејќи не можат да ги надминат ниту „лалињата“, ниту светскиот шампион Франција.

– Холандија победи против Французите и за нас овој развој е непријатен, бидејќи веќе немаме шанса да останеме во Лига „А“. Треба да се помириме. Вниманието, како и досега, е насочено главно кон Евро 2020. Сакаме да се претставиме силно. Ние продолжуваме да работиме со младите и постепено да ги интегрираме во тимот. 2018-та се покажа разочарувачка, но сакаме да ја испратиме со победа и да ги израдуваме навивачите на репрезентацијата. Верувам дека ќе играме силно и ќе победиме против Холандија – изјави Лев.

Мечот помеѓу Германија и Холандија на 19 ноември ќе се одржи на „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен.