Лев: Ако е Ноер подготвен, ќе биде во Русија

639

Голманот на Германија, Мануел Ноер е целосно опоравен од повредите и може да игра на Светското првенство во 2018 година во Русија, изјави германскиот селектор Јоаким Лев пред почетокот на кампот во северна Италија.

Триесет и двегодишниот Ноер се опорави од фрактурата на стапалото што ја доби во септември минатата година. Тој беше подложен на операција и ја пропушти речиси цела сезона, но, сега продолжува со тренинзи и речиси е подготвен да игра.

– Тој тренираше една недела во Баерн, тука ќе се подготвува со полна брзина и може да се справи со нивото на интензитет, и ќе видиме каква е неговата состојба. Ако се чувствува целосно подготвен, тогаш тој ќе биде во Русија, но ако има какви било проблеми, ќе мораме дополнително да разговараме – додаде Јоаким Лев.