Левандовски постигнал гол против сите 18 бундеслигаши

27

Тој ја затресе мрежата на сите 18 актуелни екипи во Бундес-лигата, вклучувајќи го и Баерн, против кого постигнуваше голови кога играше за Борусија Д.

ФУДБАЛ – ГЕРМАНИЈА

Напаѓачот на актуелниот европски фудбалски првак, Баерн, Полјакот Роберт Левандовски постигна два гола на мечот против новиот член на Бундес-лигата, Арминија, во победата со 4-1, викендов, во 4-то коло сезонава. Со тоа тој сега може да се пофали дека постигнал гол против сите 18 актуелни екипи во Бундес-лигата, вклучувајќи го и Баерн, против кого постигнуваше голови кога играше за Борусија Дортмунд.
Сезонава, на четирите натпревари Левандовски постигна седум гола, а Баерн во текот на календарската 2020 година стигна до бројката од 71 гол во Бундес-лигата.
Баварците имаат загубено само еден од претходните 44 натпревари во најсилната лига на Германија против новопромовираните клубови, односно имаат забележано 41 победа, две ремија и еден пораз.

Левандовски (32) постигна 102 погодоци на претходните 100 натпревари во дресот на Баерн, кој по високиот пораз од Хофенхајм, со 1-4, во минатото коло, се искачи на второто место на табелата со ист број бодови, девет, како и третопласираната Борусија Дортмунд, која триумфира на гости кај Хофенхајм, со 1-0.