Левандовски е убедливо најефикасен сезонава во Европа

37

Најдобриот фудбалер за минатата година во изборите на УЕФА и на ФИФА, сезонава постигна 20 гола во 15-те кола во Бундес-лигата

ФУДБАЛ

Роберт Левандовски, центарфорот на актуелниот европски и германски првак Баерн, со 20-те погодоци во 15-те кола во Бундес-лигата е најефикасниот на половината од сезоната 2020/2021 во петте најсилни европски лиги (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија), објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница.
Зад него, на втората позиција, со 15 гола, е Кристијано Роналдо, напаѓачот на италијански Јувентус, а трет е Мохамед Салах од англиски Ливерпул, со 13 погодока.
Зад нив се Булеј Диа од Ремс, Ерлинг Холанд од Борусија Дортмунд, Ромалу Лукаку од Интер, Килијан Мбапе од ПСЖ и Хеунг-мин Сон од Тотенхем, со по 12 гола.
Во минатата сезона во Лигата на шампионите (ЛШ) прв стрелец беше Левандовски, со 15 гола, а сезонава со по шест погодока по натпреварите во групната фаза на ЛШ водат Холанд од Борусија Дортмунд, Алваро Мората од Јувентус, Нејмар од Пари сен Жермен и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.


НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО НАЈСИЛНИТЕ ПЕТ ЛИГИ

Роберт Левандовски 20
Кристијано Роналдо 15
Мохамед Салах 13
Булеј Диа 12
Ерлинг Холанд 12
Ромелу Лукаку 12
Килијан Мбапе 12
Хеунг-мин Сон 12