Леброн Џемс и Кливленд се пред елиминација

956

Бостон селтикс ја забележа втората победа над Кливленд кавалирс (107-94) во финалето на Источната конференција во НБА-лигата и покрај одличната игра на Леброн Џејмс, кој имаше трипл-дабл ефект, 42 поени, 15 скока и 12 асистенции. Третиот меч се игра во сабота во Кливленд. Во финалето на Западната конференција, актуелниот НБА-шампион, Голден стејт вориорс води против Хјустон рокитс со 1-0. Следниот втор дуел се играше синоќа во Хјустон.