Ла Лига: 39 дена и 110 натпревари

41

Фудбалското првенство на Шпанија ќе продолжи на 11 јуни. До крајот на сезоната останаа уште 11 кола. Шпанците планираат предвидените натпревари да бидат одиграни за 39 дена.

За да биде реализиран планот Ла Лига одобри да се играат натпревари и во понеделник и петок. Тоа значи дека 39 дена секој дена ќе има натпревар во Ла Лига, односно во овој период ќе се одиграат 110 натпревари.

Планот на Ла Лига е секој тим да игра два натпревари неделно.

До крајот на сезоната ќе се води возбудлива трка за титулата, местата кои носат пласман во Лигата на шампионите и Лига Европа и за опстанок во Ла Лига.