Лацио наседна на хакерска измама вредна два милиони евра

377

Управата на италијанскиот клуб Лацио наседна на хакерска измама и остана без два милиони евра што требало да ги уплатат на холандски Феенорд за трансферот на Стефан де Фрај.

Италијанскиот клуб преку електронска пошта добил порака со банкарските податоци на Феенорд, а износот требало да се уплати како дел од обештетувањето за Де Фрај. Мејлот го содржел логото на холандскиот клуб, а ги поседувал и останатите податоци за да делува веродостојно.

Меѓутоа Феенорд не ги добил парите, кои се претпоставува дека завршиле кај група на хакери што ја смениле банкарската сметка.

Овој трансфер е реализиран уште во 2014 година, а Лацио според договорот уште отплаќа рати.