Купот на Азија првпат со 24 репрезентации

71

Титулата од минатиот фудбалски шампионат ја брани Австралија

Во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), од денеска па до 1 февруари, ќе се одржи 17-от Куп на Азија во фудбал. На завршниот турнир, првпат ќе настапат 24 репрезентации (претходно беа 16), поделени во шест групи со по четири тима, од кои 16 ќе ги продолжат мечевите во осминафиналната, нокаут-фаза. Натпреварите ќе се играат во четири града, Аби Даби, Дубаи, Ал Аин и Шарјах и на осум стадиони.

Титулата од минатиот шампионат во 2015-та ја брани Австралија. Рекордни четири шампионски трофеи има Јапонија, по трипати триумфирале Иран и Саудиска Арабија, двапати Јужна Кореја и по еднаш, Израел, Кувајт и Ирак.

Главни фаворити за триумф на ова издание на Купот на Азија, се сметаат Иран, Јапонија и Јужна Кореја. Потоа следуваат Австралија, Саудиска Арабија и домаќинот ОАЕ, а најмали шанси им се даваат на Индија, Туркменистан, Филипини, Киргистан и Јемен.

Прва ѕвезда на шампионатот е Кореецот Сонг Хеунг-мин, напаѓачот на премиерлигашот Тотенхем, кој на последните осум меча даде осум гола и имаше три асистенции. 


ГРУПА А: Бахреин, Тајланд, Индија, ОАЕ
ГРУПА Б: Австралија, Јордан, Палестина, Сирија
ГРУПА Ц: Кина, Ј. Кореја, Киргстан, Филипини
ГРУПА Д: Иран, Ирак, Виетнам, Јемен
ГРУПА Е: С. Кореја, Либан, Катар, Саудиска Арабија
ГРУПА Ф: Јапонија, Оман, Туркменистан, Узбекистан