Купер повеќе не е селектор на Египет

34

Египетскиот фудбалски сојуз одлучи да го отпушти селектор Ектор Купер по елиминацијата на репрезентацијата уште по групната фаза на Светското првенство во Русија.

По 28 години, Египет повторно дојде во Мундијал, но во групата со Саудиска Арабија, Уругвај и домаќинот Русија заврши без освоен бод со постигнати само два гола од страна на Мохамед Салах.

– Сакаме да му се заблагодариме на Ектор Купер и неговиот персонал за сė. Ние ја цениме неговата работа. По три години отсуство, тој нė однесе на Африканскиот куп на нации, како и на Светското првенство по 28 години – се вели во соопштението на фудбалската асоцијација на Египет.

Купер беше селектор на „фараоните“ од 2015 година.