Кристијано Роналдо постигна гол што има многу имиња

389
Споменикот на Рамон Унзага

Реал Мадрид се доближи до полуфиналето на ЛШ со победата со 3-0 кај Јувентус, во меч што е обележан со спектакуларниот гол на Кристијано Роналдо, гол кој во разни делови од светот се вика различно – ножички, велосипед, чилена, бразилски удар, чалака, тризага

Португалецот Кристијано Роналдо со спектакуларен гол со ножички ја одбележа победата на Реал Мадрид на гости кај Јувентус со 3-0 во првиот меч од четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите. Актуелниот европски првак со триумфот (Роналдо постигна два гола, а еден Марсело) е пред пласман во ново полуфинале, а до место меѓу најдобрите четири тима се доближи и Баерн со триумфот на гости кај Севилја со 2-1 (Сарабиа за Севилја, Навас автогол и Алкантара за Баерн). Синоќа се играа преостанатите два дуела од четврт-финалето (Ливерпул – Манчестер сити и Барселона – Рома). Гол со ножички е еден од најубавите потези во фудбалот и го изведуваат вистинските мајстори на оваа игра.

 

Тоа е шут со кој се бие во скок, а со нога се зафаќа високодоаѓачка топка, со грб завртен кон голот на противникот. Нема прецизни податоци кој го измислил овој тежок шут, но многу извори го посочуваат Рамон Унзага (1894-1923), роден во Билбао (Шпанија), натурализиран Чилеанец. Во тој правец е и податокот дека во некои земји во Јужна Америка ваквиот гол се нарекува „чилена“, како и во, на пример, Шпанија. Во многу земји името на овој гол е ножички или велосипед, Норвежаните, пак, го именуваат како „бразилски удар“, во Италија тоа е „превртен шут“, во Германија „шут со паѓање назад“, во Перу се вика „чалака“ (според местото каде што првпат бил изведен), во Уругвај „тризага“ (оти сметаат дека ваков гол треба да вреди три) итн. Многу големи фудбалски ѕвезди ги популаризирале ножичките, а со тоа и

Голот на Пеле против Белгија

тие стекнале углед во фудбалскиот свет.

Прв на оваа листа е кралот на фудбалот, Бразилецот Пеле. Покрај неговите вкупни фудбалски вештини, неговата способност со леснотија да изведува вакви шутеви го издвоија од другите фудбалери од тоа време, а и воопшто. Еден од таквите голови што се памети е од мечот со Белгија во 1968 година, кога, секако, покрај голманот, изненадени од тоа што го видоа биле сите (тоа беа години и на експанзија на фудбалот преку ТВ-преносите). – Гол со ножички воопшто не е лесно да се постигне. Во кариерата постигнав 1.281 гол, но само два или три беа со ножички – изјавил Пеле. Со головите со ножички гледачите ги одушевуваа, меѓу другите, и Уго Санчес, Диего Марадона, Вејн Руни, Јохан Кројф, Марко ван Бастен, Златан Ибрахимовиќ, Ривалдо, Роналдињо… 

Роналдо ја затресува мрежата на Јувентус