„Кралевите“ нема да одат во карантин пред дуелот со Сити на „Итихад“

110

Екипата на Реал Мадрид нема да мора да биде во двонеделен карантин по доаѓањето во Манчестер пред реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, потврдија за „Скај спорт“ од Владата на Велика Британија.

Мечот треба да се одигра на 7 август на „Итихад“, а во ситуацијава, се прави исклучок за „Кралскиот клуб“ иако во Британија задолжителен е карантин од 14 дена за сите патници од Шпанија.

Наводно, веќе постојат упатства кои овозможуваат одржување на некои одредени елитни меѓународни спортски настани. Според нив, предвидено е од правилата за исклучок за задолжителен карантин да има само за поединци кои живеат и работат во контролирани услови.

За потсетување, Манчестер Сити славеше на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот осминафинален меч со 2-1. Реваншот требаше да се одигра на 17 март, ама поради пандемијата на ковид-19, мечот се одложи.