Копенхаген се надева на мечеви со 10.500 гледачи

25

ФУДБАЛ – ДАНСКА

Во текот на дискусиите за натамошно олеснување на мерките во врска со пандемијата на коронавирусот во Данска, ФК Копенхаген се надева дека ќе игра фудбалски мечеви со гледачи, објави германскиот „Кикер“. Се очекува да се зголеми лимитот на учесници на јавни настани на 500 луѓе. ФК Копенхаген се надева на 10.500 гледачи на своите натпревари во првенството, откако планира да ги подели трибините на својот стадион на вкупно 21 дел. Секој од тие делови би примил по 500 гледачи, секој дел треба да има посебен влез и за секој дел да има различни периоди на влегување на стадионот, пишува „Кикер“.