Конте решен да се врати во Серија А

116

Поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте, си поставил за цел да најде тренерски ангажман во својата родна Италија. Ова го откри поранешниот претседател на локалната фудбалска федерација, Карло Тавекио.

Токму Тавекио беше човекот кој го стави Конте на чело на „аѕурите“ во периодот од 2014 до 2016 година. Според него, тренерот категорично сака да продолжи со работа на клупско ниво, откако ќе постигне договор со Челси за исплата на компензација по отпуштањето.

Во моментов не е јасно кој од големите тимови во Серија А ќе потпише со Конте, откако неговото име беше поврзувано со Интер, Рома, како и со Јувентус.

– Конте сака повторно да биде тренер во Италија. Тој е вистински лидер и му даде вредност на нашиот фудбал. Јас сè уште имам позитивни чувства за Антонио. Жал ми е што не му ги дадов парите што ги сакаше во 2016 година. Ако го направев тоа, сигурно ќе се квалификуваме за Мундијалот во 2018 година – изјави поранешниот шеф на италијанскиот фудбал.