Клоп: Манчестер сити е најдобриот тим на светот

145

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред натпреварот од 21. коло од првенството на Англија против Манчестер сити, рече дека „граѓаните“ се најдобриот тим на светот. Германскиот експерт, исто така, додаде дека утрешниот дуел ќе биде игра за шест поени.

– Ние се соочуваме со тежок натпревар. Манчестер сити е многу силен тим, предводен од одличен тренер. Мораме да бидеме храбри и да влеземе во овој меч со желба да победиме. Моето мислење е дека Манчестер сити е најдобриот тим во светот – изјави Клоп.

Германецот додаде дека дербито е многу важно за двете екипи и дека тоа ќе биде натпревар за шест бода.

Ливерпул во моментов е на прво место во Премиер лигата со 54 бода, Манчестер сити има 47 и е на третата позиција.

На последниот ден од 2018 година, тренерот на Манчестер сити, Гвардиола рече дека Ливерпул го има најдобриот тим во светот и дека евентуален пораз за неговите избраници ќе значи големо оддалечување од одбрана на трофејот.