Клоп: Лигата на нации е безначаен турнир

241

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Лигата на нациите е безначаен турнир. Тој, исто така, изрази надеж дека играчите ќе се вратат во клубот неповредени.

-Лигата на нациите е најбезначајниот турнир во светот. Треба да почнеме да размислуваме за играчите. Селекторите можат да ги повикаат, тие се должни да се јават во националните тимови. А време за одмор? За тоа никој не мисли. Фудбалерите не треба да ги третираме како машини. Се надевам дека сите играчи ќе се вратат во тимот здрави и подготвени да учествуваат во шампионатот и Лигата на шампионите – рече Клоп.

Лигата на нациите е нов турнир за репрезентации, кој има за цел – да се подигне интересот кој во последно време опадна за пријателските натпревари. Исто така, УЕФА сака да го задржи интересот и на спонзорите.

Преку овој турнир може да се обезбеди место на Европското првенство 2020.
Турнирот е поделен на четири дивизии во согласност со рејтингот на репрезентациите учеснички.