Канте ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Челси?

81

Челси е подготвен да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Н’Голо Канте, објави Скај спортс. Сегашниот договор на „сините“ со 27-годишниот Французин е до летото 2021 година.

Челси не е заинтересиран за продажба на Канте. Тимот од Лондон е подготвен да му понуди на играчот нов долгорочен договор со годишна плата од 17 милиони евра, што ќе биде рекордна во историјата на екипата од „Стемфорд Бриџ“. Специјализираниот сајт за вредностите на фудбалерите „Трансфермаркт“ го проценува играчот на 80 милиони евра.

Канте се пресели во Челси во 2016 година. Со тимот тој ја освои Премиер-лигата и ФА-купот. Сезонава, Канте одигра 16 натпревари за Челси, постигна еден гол и има една асистенција.