Каков е финансискиот трансфер-биланс по два преодни рока?

60

Фудбалската опсерваторијата на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) го претстави финансискиот биланс за трансфери направени од клубови низ светот за време на последните два трансфер-периоди. Реал Мадрид забележал најнегативен биланс (минус 181 милион евра), пред Астон Вила (минус 169 милиони евра) и Барселона (минус 166 милиони евра). На спротивниот крај на табелата се Челси (плус од 205 милиони евра), Бенфика (плус 167 милиони) и Ајакс (плус 137 милиони евра).

Седумте трансфери што ги направи Реал Мадрид во ланилето и во јануари годинава имале вкупна проценета цена од 330 милиони евра (вклучени додатоци), пишува ЦИЕС. Во истиот период, приходите генерирани од шпанскиот тим за ослободување седум други играчи биле 149 милиони евра. Од друга страна, Челси заработи 250 милиони евра со трансфер на 16 фудбалери, а потроши 45 милиони евра за засилување на својата екипа (Матео Ковачиќ).

На ниво на петте најголеми европски лиги, нето-билансот за трансфери се движи од минус 844 милиони евра за англиската Премиер-лига и плус 106 милиони евра за француската Лига 1. Негативни биланси се забележани и во шпанската (минус 418 милиони), италијанската (минус 407 милиони) и германската лига (минус 263 милиони евра), пишува ЦИЕС.