Каде има најмногу „странски голови“?

52

Фудбалските првенства на Кипар, Турција и на Англија предничат според головите постигнати од странци, објави во својата анализа Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Според податоците, во Првата лига на Кипар 86,8 од головите сезонава ги постигнале странци, во Турција 80,7, а во Англија 68,8 отсто. Во девет други првенства процентот е поголем од 50.

На другата страна од оваа листа на ЦИЕС се првенствата во кои странците постигнале помалку од една третина од сите голови, и тоа во Украина (25,5 насто голови на странци), Србија (27,6), Израел (27,9) и во Чешка (30,4). Во најсилните пет првенства во Европа најнизок процент е забележан во Првата лига на Франција, 35,6 проценти, велат од ЦИЕС.

На клупско ниво процентите одат од нула (Пакси од Унгарија, Генган од Франција, Атлетик од Шпанија итн.) до 100 отсто (АЕК Ларнака од Кипар, Ризеспор од Турција, Сеница од Словачка). Во Премиер-лигата најголем процент е забележан кај Вулверхемптон, 97,4, а најнизок кај Лестер, 20,5.

Во анализата на ЦИЕС се опфатени 27 првенства од Европа.