Ремзи: Имав и други понуди, но Јувентус не се одбива

135

Арон Ремзи уште пред неколку месеци го договори трансферот во Јувентус, а дури денес на јавноста и беше претставен како нов играч на најтрофејниот италијански клуб. Велшанецот во Јувентус дојде како слободен играч откако му истече договорот со Арсенал.

– Имав и други понуди, но кога разбрав дека ме бара Јувентус, не постоеше опција да ја одбијам понудата. Тоа е голем клуб, еден од најголемите во светот. Секако дека ова е голем предизвик за мене, различна земја, различна култура, ќе ми биде потребно малку време да се навикнам, но верувам дека ќе бидам успешен. Сакам да бидам дел од тимот кој ќе пишува нови страници во историјата на Јувентус – рече Ремзи.

Велшанецот во Јувентус ќе го носи бројот 8, кој лани беше слободен, а претходно со голем успех го носеше Клаудио Маркизио. На новинарско прашање како може да ја унапреди играта на Јувентус 28-годишниот фудбалер рече дека во сака во секој момент да има влијание во играта преку асистенции и голови.

Во Јувентус Рамзи ќе соработува со Маурицио Сари кого го познава од Премиер-лигата. Сари минатата сезона го предводеше Челси.

Видов како стил на игра сака Сари, а неговата филозофија мене ми одговара. Верувам дека бргу ќе се прилагодам. Можам да играм на сите позиции во средниот ред, но најдобро се чувствувам кога сум „бокс-ту-бокс“ кога можам да учествувам и во одбраната и во нападот – заклучи Рамзи.

Велшанецот е шестото засилување за Јувентус ова лето, претходно во клубот пристигнаа Адријен Рабио, Мерих Демирел, Лука Пелегрини, Кристијан Ромеро (кој веднаш е испратен на позајмица во Џенова) и Џанлуиџи Буфон.